ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Денеска во билтените се враќа Бундес-лигата, а во понудата има и интересни натпревари од Евролигата во кошарка и од ракометното ЕП…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Спортинг – Бенфика              2

Спортинг на последниот домашен натпревар го загуби натпреварот со Порто, а вечерва тимот на Стефан Ристовски го очекува нов дерби-дуел, овојпат со шампионот Бенфика.

Клучниот дефанзивец Коатес нема да настапи поради суспензија, а убедливо најдобриот фудбалер на Спортинг, Бруно Фернандеш, инсистира да му биде дозволен што поскоро трансфер во Манчестер Јунајтед. Одличниот состав на Бенфика ќе знае да го искористи тоа, актуелниот првак се наоѓа во серија од 13 победи во португалското првенство. Во првите 16 кола Бенфика има скор од 15 победи и еден пораз (од Порто), а со три бода вечерва ќе ја задржи предноста од четири бода во однос на најблискиот ривал за титулата.

Ланскиот дуел меѓу овие две екипи заврши со резултат 2-4, а Бенфика е поблиску до трите бода и на вечерашната пресметка.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Словенија – Исланд                   1

Ан. Ефес – Асвел                         1 хенд.

Шалке – Борусија М.                 3+

Мехелен – Стандард                  3+

Се вчитува...