ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Интересни натпревари се на програмата во рамките од кошаркарската Суперлига…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Химки – ЦСКА М.                1

Руска пресметка во Евролигата, во која гостите од Москва влегуваат со сериозни проблеми. Клибурн, Воронцевич и Стерлниекс воопшто не отпатуваа со експедицијата на ЦСКА за денешното гостување, а неизвесен е и настапот на Хилиард и на Сент Рос.

Химки е квалитетен тим што знае како да ги искористи проблемите на противниците, ЦСКА сезонава веќе загуби на овој терен во рамките од ВТБ-лигата со убедливи 96-80, а избраниците на Итудис ги очекува тежок предизвик и на вечерашниот дуел.

Химки заостанува само една победа во трката за осмото место, па Швед и соиграчите не смеат да си дозволат неуспех на денешниот дуел, што би значел и осетно намалување на шансите за пласман во нокаут-фазата од Евролигата.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Ница – Лион                    3+

Мирандес – Севилја      2 и 2+

Барселона – Зенит         1 хенд.

Милано – Баерн М.       1 хенд.

Се вчитува...