ЕКИПА ИНТЕРВЈУ – АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ: На доминантен начин стигнавме до трофејот во Рига, многу научив од Златко Хорват

Отворено со најдобрите македонски спортисти. Оние кои секојдневно ги красат спортските страници, но и со оние подзаборавените. Нивните успеси, размислувања, желби и очекувања пред идните спортски предизвици – секој вторник на ЕКИПА.МК.

========================================================================================================================== 

Еден од најдобрите млади ракометари на Македонија, Александар Петковски ексклузивно за ЕКИПА.МК говореше за големиот успех и освојувањет на кадетскиот ЕХФ шампионат, со кој Македонија избори пласман на следното Европско и следното Светско првенство. Специјално за ЕКИПА.МК откри која била причината за одличните партии летово и големиот успех. 

Петковски буквално целото лето го помина со репрезентацијата на Македонија со која покрај шампионатот во Рига беше дел и од првенството до 20 години во Варна, како и дел од сениорскиот тим на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вели дека оваа генерација ја краси еден тимски дух и дека планираат во иднина да продолжат со уште понапорна работа.

Од сезонава е дел од РК Алкалоид проект за кој смета дека ќе биде голем плус за македонскиот ракомет. Негов идол е Хрватот, Златко Хорват со кој две години соработуваше во Металург, а во кариерата цел му е еден ден да ја освои Лигата на шампионите. 

==========================================================================================================================

ИМАВМЕ ДОБАР ТУРНИР НА МИ ВО АЛЖИР! 

Буквално цело лето го помина во репрезентација на Македонија. Се почна со Медитеранските игри во Оран, колку си задоволен од настапот во Алжир? 

Селекторот Кирил Лазаров ми даде шанса на Медитеранските игри. Бевме млада екипа, но навистина подготовките ги одработивме на едно високо ниво. Со голем број квалитетни репрезентации одигравме силни натпревари. Ова за мене беше првпат да работам со А-селекција и иако на крајот останавме без медал, многу значеше за собирање искуство. Игрите беа селекторот да види колку можеме ние младите и да види до каде е македонската лига. Пруживме добра игра и мислам дека имавме еден добар турнир.

Пред шампионатот во Рига беше дел и од репрезентацијата која настапи на турнирот во Варна. Колку си задоволен од играта на ова првенство? 

И минатото лето бев повикан за младинската репрезентација. Оваа година младинското првенство во Варна повеќе бевме јуниори кои требаше да настапиме во Рига. Иако немавме голем резултат, тој шампионат ни беше подготовка за тоа што не очекува на јуниорското првенство во Рига. Нашата генерација немаше настапи за репрезентација, па затоа беше одлучено на овој турнир да се воигруваме за потоа да тргнеме до титула на ЕХФ шампионатот во Рига и со тоа успеавме да обезбедиме пласман на следното Европско и Светско првенство.

ДОМИНАТНО ИЗИГРАВМЕ НА ТУРНИРОТ ВО ВАРНА!

На еден доминантен начин стигнавте до титулата во Рига. Кој меч беше најтежок на патот до титулата? 

Доминантно изигравме на турнирот во Рига. Првиот натпревар против Турција ни беше најважен, бидејќи првпат таа генерација го имаше своето деби. Таа победа ни донесе залет и после тој меч добивме самодоверба и верувавме дека можеме да играме против секого. Победивме лесно со Косово и со Летонија и на убедлив начин се пласиравме во полуфинале. Ние се фокусриавме цело првенство за мечот со Швајцарија во финале и единствена цел ни беше освојување на шампионатот. Во полуфинале го добивме Луксембург и иако во финалето не одигравме на ниво сепак на крајот успеавме да славиме.

НЕ МИ СЕ ВАЖНИ ИНДИВИДУАЛНИТЕ ПРИЗНАНИЈА…. ТИМОТ Е НА ПРВО МЕСТО!

Беше дел од најдобриот тим на шампионатот. Колку значи за тебе ова индивидуално достигнување? 

Ми значи многу тоа што бев избран во најдобриот тим на шампионатот. Сепак, тоа е победа на целата екипа, а дека имаме голем квалитет покажува и самото тоа што дури тројца бевме во идеалниот тим и имавме и МВП на шампионатот. На секој меч различен играч беше МВП и тоа беше одлично бидејќи противникот не може да се сконцетрира на еден ракометар.

ВЕРУВАМ ДЕКА РК АЛКАЛОИД Е ЕДЕН ОДЛИЧЕН ПРОЕКТ! 

Годинава си дел од РК Алкалоид. Како ти се чини стартот на овој нов проект? 

По завршувањето со настапите во репрезентацијата веднаш почнавме со тренинзи во РК Алкалоид. Верувам дека ова е еден одличен проект, бидејќи сме само домашни ракометари. Тренираме многу имаме одличен тренерски тим. Сите сме млади и сме желни за докажување. Се надевам дека ќе одиме напред од ден во ден. Функционираме како што треба да изгледа еден професионален тим и се надевам дека ќе имаме добра сезона.

Како е да се соработува со Кирил Лазаров и Раде Стојановиќ? 

Презадоволен сум со соработката и со Кирил Лазаров и со Раде Стојановиќ. Двајца големи професионалци кои на одличен начин си ја завршуваат работата. Тоа што го побараа од нас ние сите го одработуваме и одлично соработував и со двајцата. Нема што повеќе да се кажува за нив двајца, бидејќи Лазаров е најдобриот ракометар што го имала Македонија, а Стојановиќ дефинитивно е меѓу најдобрите во нашата историја.

ЗЛАТКО ХОРВАТ Е МОЈОТ ИДОЛ И ПРИМЕР!

Кој е твој спортски идол и во кој клуб би сакал еден ден да заиграш? 

Големо искуство за мене беше работата со еден играч како Златко Хорват. Дете како дете тогаш уште немав сфатено колку ќе ми значи тоа. Сега кога ќе размислам сфаќам колку значеле тие тренинзи со Хорват. Добив шанса и настапив и во Лигата на Европа и мислам дека добро се покажав таа сезона во Металург. Бесценето искуство за мене. Кога ќе се сетам дека на 16 години со Металург сум играл против Висла Плоцк и да бидам стрелец во Лигата на Европа навистина од оваа гледна точка значи многу. Искуство кое што му го посакувам на секој колега ракометар.

Колку ти значи лично што можеше да играш со Златко Хорват кој е твој своевиден идол и пример? 

Немам некоја посебна желба за клуб. Се надевам да останам здрав и да заиграм во Лигата на шампионите еден ден, па зошто и да не ја освојам. Важно ми е да играм во силен клуб и да имам силни натпревари секоја недела. Околу идол го исполнив сонот што две години играв со Златко Хорват. Тој не ми е само идол туку и инспирација и надвор од терените. Како треба да изгледа еден професионален спортист и премногу убаво искуство ми се тие две години поминати со него.

Се вчитува...