ЕКИПА ИНТЕРВЈУ – РАДЕ СТОЈАНОВИЌ: Кадетската репрезентација ја краси тимски дух, направивме голем резултат за Македонија

Отворено со најдобрите македонски спортисти. Оние кои секојдневно ги красат спортските страници, но и со оние подзаборавените. Нивните успеси, размислувања, желби и очекувања пред идните спортски предизвици – секој вторник на ЕКИПА.МК.

========================================================================================================================== 

Селекторот на младите ракометни репрезентации на Македонија, Радослав Стојановиќ ексклузивно за ЕКИПА.МК говореше за големиот успех и освојувањет на кадетскиот ЕХФ шампионат, со кој Македонија избори пласман на следното Европско и следното Светско првенство. Специјално за ЕКИПА.МК откри дека големи честитки за успехот добиле и од легендата на светскиот ракомет, Швеѓанецот, Стефан Ловгрен. 

Стојановиќ вели дека оваа генерација ја краси еден тимски дух и дека планираат во иднина да продолжат со уште понапорна работа. Тој вели дека голем удел во овој успех има и Ракометната федерација на Македонија која им овозможила одлични услови, но секако мора да се заблагодари и на неговите колеги Бранко Ангеловски и Наум Танески. 

==========================================================================================================================

Успеавте со кадетската репрезентација да направите голем успех и да го освоите ЕХФ шампионатот. Колку сте задоволни од целиот турнир и која беше причината за овој успех? 

Секако дека сум презадоволен од постигнатиот успех. За тоа што како поминува времето и таа првична еуфорија, за освојување на Шампионат во Рига, се гледа колку овој резултат е голем како за оваа генерација така и за генерацијата што следува, а и секако за ракометот во Македонија.

СТВОРИВМЕ ТИМСКИ ДУХ ВО ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА!

Што е тоа што ја краси оваа генерација македонски ракометари и дали можете некого посебно да издвоите? 

Нема да бидам скромен и сега, честитките одат кон моите играчи. Створивме тимски дух кој не водеше цел турнир, а посебно во финалето против Швајцарија. Посебно можам да издвојам оваа генерација ја краси, една максимална пожртвуваност, борбеност и дисциплина. Не би издвоил никој посебно од играчите,иако го имавме МВП на турнирот од нашата репрезентација и уште 3 три грачи во најдобрите седуммина по играчка позиција.

ЗНАЧЕА ПОФАЛБИТЕ ОД ЛЕГЕНДА КАКО СТЕФАН ЛОВГРЕН!

Имавте пофалба и од Стефан Ловгрен за одличните партии. Колку тоа ви значи на вас? 

Турнирот го одигравме на едно многу високо и професионално ниво. Со што и додека траеше самиот турнир ние добивавме честитки од спортски легенди на овој спорт, како што е Стефан Ловгрен кој беше ЕХФ амбасадор на овој Шампионат.

Кој е најголем виновник за овој успех. Дали федерацијата и тренерскиот тим завршија добра работа? 

Би се заблагодарил уште еднаш на раководството на Ракометната Федерација на Македонија,за овозможени услови и подготовките за овој турнир. Исто и на моите колеги Бранче и Наум на целиот стручен штаб покажавме како требе да функционираме сите заедно за доброто на Македонскиот ракомет.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ СО УШТЕ ПОНАПОРНА РАБОТА!

За крај кои се плановите за иднина?

Да секако,планот за понатаму е обемен, ќе имаме повеќе собири повеќе пријателски натпревари. Ќе вклучиме повеќе играчи, да ја зголемиме конкуренцијата и квалитет во генерација,за да добиеме играчи кој ке покажат додатен квалитет и знаење. Сега имаме поголем мотив,поголема одговорност и предизвик,и со добри подготовки зошто пак да не се радуваме и на наредното светско првенство.

Се вчитува...