ЕКИПА ИНТЕРВЈУ – ТЕОДОРА ДУКОСКА: Верувам во успех на младинското СП, се надевам на повик во сениорскиот тим за ЕП

Отворено со најдобрите македонски спортисти. Оние кои секојдневно ги красат спортските страници, но и со оние подзаборавените. Нивните успеси, размислувања, желби и очекувања пред идните спортски предизвици – секој вторник на ЕКИПА.МК.

========================================================================================================================== 

Една од најдобрите млади македонски ракометарки, Теодора Дукоска отворено за ЕКИПА.МК говореше за одличните партии кои ги имаше на Медитеранските игри во Оран каде беше наша најдобра ракометарка. Таа говореше и за нејзините очекувања од Светското првенство на кое летово сме домаќини, како и за посебноста што ја има оваа генерација од која верува дека може да носи големи успеси за македонскиот ракомет. 

Дукоска искрено зборува и за нејзините очекувања во продолжението на кариерата не само на репрезентативен туку и на клупски план. Идол во ракометот и е Нора Мерк, а иако вели дека е рано за тоа каде се гледа за некоја година, таа би сакала еден ден да го облече дресот на унгарскиот Ѓер. 

Со ракомет почнала да се занимава поради нејзиниот брат кој исто така е ракометар, а вели дека е неверојатно да се соработува со Љубомир Савевски, човек од кој има многу научено. 

==========================================================================================================================

ТУРНИРОТ НА МИ БЕШЕ ГОЛЕМО ИСКУСТВО ЗА МЕНЕ, НО СЕКОГАШ МОЖЕ ПОДОБРО!

Одигра одлично на Медитеранските игри каде беше наша најдобра ракометарка. Како си задоволна од турнирот и партиите кои ги прикажа во Оран? 

Турнирот во Оран беше уште едно големо искуство, кое монгу ќе ми значи понатаму во кариерата. Ако ме праште за тоа дали сум задоволна самата од себе, искрено да зборимеможам да кажам дека секогаш може подобро. Одиграв солидно на турнирот, но цел ми е секогаш да бидам колку можам подобра. 

Следен предизвик е Светското првенство на кое сме домаќини. Кои се твоите очекувања и може ли оваа генерација ракометарки повторно да ја израдува Македонија со добар пласман? 

На Светското првенство кое ќе се одржува во Македонија очекувам добар пласман. Го очекувам тој добар пласма пред се затоа што покажавме и претходно дека сме одлична генерација која е пожртвувана и подготвена да даде се од себе. Во нашиот тим никогаш не е важен поединецот, туку екипата. Сите девојки играме една за друга и на терен буквално ако треба и ќе „изгинеме“ една за друга.

НАЈДОБРИТЕ СОВЕТИ И НАЈГОЛЕМО ИСКУСТВО ДОБИВ ОД СЕЛЕКТОРОТ САВЕВСКИ!

Како е да соработуваш со селекторот Љубомир Савевски и дали оваа ваша генерација може да го врати македонскиот женски ракомет во врвот на Европа и светот? 

Најголемото искуство го добив токму од селекторот Савевски. Ми претставува голема чест и задоволство да работам со човек како него. Мислам дека има голема промена кај мене не само на ракометниот терен туку и надвор од него. Се разбира дека да јас многу верувам во оваа наша генерација. Покажавме дека имаме квалитет и минатата година на Европскиот шампионат во Литванија, а ветувам дека ќе докажеме и на Светското првенство на кое сме домаќини. 

Минатата сезона ја мина во Чаир. Како си задоволна од сезоната и твои очекувања од новата?

Можам да кажам дека од предходната сезона навистина сум задоволн. Одигравме солидно во шампионатот и успеавме да обезбедиме пласман во Европа. Од следната сезона очекувам поголем успех. Сакам да се претставиме добро во Европа, но и да бидеме уште подобри во домашниот шампионат. 

ТАЈНАТА НА СТРУЖАНИ Е ВО НАШИОТ БОРБЕН ДУХ!

Уште еден бисер си на струшкиот ракомет. Која е тајната на овој град кој дава голем број врвни македонски ракометари и ракометарки? 

Мојот град дава врвни ракометари и ракометарки пред се поради професионалноста на тренерите. Сепак, исто така има и нешто посбено во менталитетот кој што го имаме во Струга. Мислам дека излегоа многу ракометари од мојот град, поради борбениот дух кој што го имаме ние стружаните.

Очекуваш ли да добиеш повик и во сениорскиот тим за ЕП по одличните партии на Медитеранските игри? 

Се надевам дека ќе добија повик во сениорскиот тим за Европското првенство на кое сме домаќини во декември месец годинава. Доколку добија повик тоа за мене ќе претставува уште поголем за понатамошниот дел од кариерата.

МОЈ РАКОМЕТЕН ИДОЛ Е НОРА МЕРК, САКАМ ЕДЕН ДЕН ДА ЗАИГРАМ ЗА ЃЕР!

Каде се гледа Теодора за некоја година и кој е твојот ракометен идол?

Рано е да зборуваме за тоа каде се гледам за некоја година. Сепак, доколку морам да одговоран дефинитивно би сакала еден ден за заиграм за Ѓер. Има повеќе ракометарки на кои им се воодушевувам и од кои доста учам, но како идол би ја издвоила Нора Мерк. 

Која беше причината поради која почна да се занимаваш со ракомет и што сакаш да правиш во слободно време? 

Причината и мојот поттик да почнам да се занимавам со овој спорт беше мојот брат, кој исто така тренира ракомет. Немам многу слободно време ,но тоа што ми останува го користам за дружба со најблиските.

Се вчитува...