Екипа Топ 5: Идеална петорка на 10. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Десетото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест одлични натпревари на терените ширум Македонија. Колото започна во четврток со победата на Пелистер во натпреварот на колото против Гостивар, а сензацијата на сезоната ја приреди Феникс 2010 кој во Аеродром славеше над МЗТ Скопје.

Еуро Никел ја продолжи победничката серија со триумф над Работнички, а на победите им се врати и Кожув кој лесно триумфираше над новлијата Ангели. Во победничка низа влезе и Куманово кој го совлада МЗТ Скопје 2, а Бре Ајви беше херојот на Академија ФМП во триумфот над ТФТ.

Во идеалната петорка на колото место има за Андреј Митревски кој во победата на новалијата над актуелниот шампион запиша дабл-дабл од 18 поени и 11 скока на кои додаде и 5 асистенции. Покрај 18-годишникот тука е и 20-годишниот Виктор Златевски кој во „Јасмин“ запиша 25 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Марко Симоновски имаше одлична шутерска вечер која ја заврши со 22 поени и реализација 6/8 за три поени. Притоа поранешниот репрезентативец додаде и 7 скока и 5 асистенции. Бранислав Џекиќ имаше одлична вечер во победата над нашиот најтрофеен тим со 24 поени, 7 скока, 4 украдени топки и 4 блокови, а енигма за гостиварци беше Игор Кесар кој во десеттата победа на „зелено-белите“ запиша 33 поени со само три промашени обиди од поле (12/15), а додаде и 8 скока.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

 

Се вчитува...