Екипа Топ 5: Идеална петорка на 11. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Со комплетирање на 11. коло од Првата кошаркарска лига го комплетиравме и првиот дел од сезоната по кој Пелситер со триумфот над ТФТ ја потврди перфекцијата, а МЗТ Скопје ја продолжи рапсодијата со победа над Академија ФМП. Феникс 2010 успеа да го совлада и МЗТ Скопје 2 за влез во победничка низа, a истата ја продолжи Еуро Никел кој славеше против „фенерџијата“ Ангели.

На победите им се врати Работнички кој на домашен терен беше успешен против Академија ФМП, а истото го стори и Гостивар кој стави крај на серијата од три порази едно по друго со убедлива победа над Кожув.

Во идеалната петорка на колото се најдоа два играчи на гостиварци, Ијасу Ворку и Александар Тодоровиќ. Плејмејкерот одигра нов одличен меч кој го заврши со 16 поени, 7 скока и 4 асистенции, додека центарот доминираше со 28 поени, 9 скока и 3 асистенции.

Адем Мекиќ одигра одличен натпревар против „академиците“ кој го заврши со 15 поени, 6 скока и 6 асистенции, а кошаркарот на кавадарчани Тодор Златев го предводеше својот тим до победа во Скопје со дабл-дабл од 17 поени и 15 скока на кои додаде и 3 асистенции и 2 украдени топки.

Петорката на 11. коло ја комплетира Недим Мустафица, кошаркарот на Работнички кој во победата на „Кале“ постигна 24 поени со реализација 4/6 за три поени, а додаде и 8 скока.

Се вчитува...