ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 12. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Со 12. коло од Првата лига завршија кошаркарските натпревари за оваа календарска година. Во него МЗТ Скопје 2 стигна до втората победа во сезоната откако славеше на гостувањето кај Работнички, Гостивар по две продолженија го сруши вицешампионот Еуро Никел, Куманово славеше убедливо над Ангели, ТФТ стави крај на серијата порази со триумф над Кожув, а Академија ФМП славеше на домашен терен против Феникс 2010.

Натпреварот на колото му припадна на Пелситер кој го торпедираше МЗТ Скопје во Аеродром со 19 погодени обиди зад линијата 6,75.

Во иделаната петорка на колото место имаше за Дарко Соколов кој во поразот на Еуро Никел во „Младост“ забележа дабл-дабл учинок од 30 поени и 13 скока на кои додаде и 4 асистенции. Лука Стојановски блесна против својот поранешен тим во „Независна Македонија“ предводејќи ги „академиците“ со 20 поени и реализација 5/6 за три поени во триумфот над новајлијата.

Лука Петровски беше еден од лидерите на „штркчињата“ во триумфот над нашиот најтрофеен клуб со 19 поени, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок. Марјан Јанески потсети на своите најдобри денови со 30 поени, 6 скока и 3 украдени топки во победата на Гостивар, додека Игор Кесар беше енигма за актуелниот шампион со 30 поени и пет погодени шута зад линијата 6,75. Згора на тоа Србинот додаде и 7 скока.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...