ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 13. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Првото коло од 2022 година во мак-баскетот донесе пет интересни натпревари во кои беа забележани и неколку извонредни резултати, а единствениот натпревар кој не беше одигран е оној помеѓу Еуро Никел и ТФТ, кој беше одложен поради позитивни случаи на коронавирус.

Тринаесеттото коло од Првата лига започна со деби победа на Ангели во „елитата“ на македонската кошарка, а за истата тимот од Кислеа Вода се избори на натпреварот против МЗТ Скопје 2. По овој натпревар беше одигран и интересен дуел во Куманово каде го гостинска победа стигна Гостивар, а богатата саботна програма беше комплетирана со преубедливата победа на Феникс 2010 над Работнички.

Неделните средбни ни донесоа и потврда на фаворитската улога на МЗТ Скопје и Пелистер кои славеа во натпреварите против Кожув, односно Академија ФМП.

Во идеалната петорка на колото се најде плејмејкерот на актуелниот шампион, Кристијан Николов кој со 17 поени и 8 асистенции донесе „сино-бело“ славје во Гевгелија. Грифин Раме кој се врати во мак-баскетот дебитираше со 32 поени на кои додаде и 8 скока и 4 асистенции во дресот на новалијата Ангели, додека Никола Малешевиќ беше енигма за „академиците“ со дабл-дабл од 20 поени и 16 скока на кои додаде и 6 асистенции.

Амар Хот доминираше под обрачите со 15 скока од кои седум во нападот, а младиот крилен центар на Феникс постигна и осум поени и притоа мечот го заврши без изгубена топка. Петорката ја комплетира Марјан Јанески кој во триумфот на гостиварци во „сино-белиот“ дуел постигна 31 поен на кој додаде и 6 скока.

Се вчитува...