Екипа Топ 5: Идеална петорка на 15. коло во Првата лига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Во 15. коло од Првата лига беа одиграни пет натпревари по кои на победи се радуваа Работнички кој славеше на гостински терен против Еуро Никел, Куманово кој го доби „сино-белото“ дерби против Гостивар, Академија ФМП која излезе од серијата на порази со триумф над фенерџијата Црн Дрим, Пелистер кој без проблеми славеше во Аеродром против МЗТ 2 и Вардар кој му се реваншираше на Кожув.

Во идеалната петорка на колото место имаше за бекот, Отис Ливингстон кој со 27 поени и реализација 5/6 за три поени беше еден од лидерите на Куманово за продолжување на победничката низа, како и за Стефан Крстајиќ кој повторно го предводеше составот на Академија ФМП, овој пат со 29 поени, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок.

Младиот Андреј Андоновски повторно одигра одличен „ол-рaунд“ натпревар за „штrкчињата“, овој пат со 14 поени, 7 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Клучна улога во победата на Работнички во „Јасмин“ имаше Кирил Николовски кој натпреварот го заврши со 17 поени и 8 скока, но фокусот на „црвено-белите“ падна врз новото засилување Филип Бундовиќ кој дебито го заврши со 27 поени, 12 скока, 3 украдени топки и 3 блокови.

Се вчитува...