Екипа Топ 5: Идеална петорка на 20. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Во 20. коло од Првата лига беа одиграни само три натпревари по кои на победи се радуваа Гостивар кој славеше над Вардар, Еуро Никел кој по продолжение го совлада Кожув на гостински терен и Пелистер кој ја прекина серијата на порази со триумф над Црн Дрим.

Во идеалната петорка на колото се најде Дарко Соколов кој одигра одлично во победата на „сино-белите“ и го предводеше својот тим со 14 поени, 9 скока и 4 асистенции. Одличен натпревар имаше и Дамјан Крстевски кој во поразот на својот тим забележа 18 поени со само едно промашување од поле и перфектни „четири од четири“ за три поени.

Од истиот натпревар свое место во петорката на колото најдоа и кошаркарите на Гостивар, Ивица Димчевски и Александар Тодоровиќ. Македонецот натпреварот го заврши со 25 поени, 8 скока и 3 украдени топки, додека центарот додаде 26 поени, 8 скока и 4 асистенции. Последното место е загарантирано за Никола Малешевиќ кој во победата над „фенерџијата“ забележа 24 поени и 6 скока за 26. минути поминати на паркетот.

Се вчитува...