Екипа Топ 5: Идеална петорка на 5. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Петото коло од Првата лига ни донесе суперинтересни натпревари по кои само еден тим остана непоразен во лигата, а тоа е Пелистер кој славеше на гостувањето во Кавадарци против Еуро Никел. Во останатите натпревари МЗТ Скопје го доби братскиот дуел со МЗТ Скопје 2, Работнички му го нанесе првиот пораз на ТФТ, Гостивар беше убедлив во Скопје против Ангели, Кожув стигна до првата победа во првенството со триумф над Феникс 2010 и ФМП ја продлабочи кризата на Куманово.

Во идеалната петорка на колото има место за двајца кошаркари на Кожув. Чаз Вилијамс и Марко Симоновски кои забележаа дабл-дабл учиноци за прв триумф на „црвено-белите“. Плејмејкерот забележа 25 поени и 12 асистенции дополнети со 4 украдени топки, додека поранешниот репрезентативец забележа 15 поени и 11 скока со реализација 3/4 за три поени.

Пол Џексон беше енигма за ТФТ. Американецот натпреварот го заврши со неверојатни 29 поени на кои додаде и 15 асистенции и 5 скока. Никола Малешевиќ беше еден од лидерите на Пелситер во натпреварот на колото со 18 поени, 8 скока и 3 асистенции, а Немања Милошевиќ беше незапирлив за „штркчињата“ со 26 поени и 10 скока за 17 минути поминати во игра.

Се вчитува...