Eкипа Топ 5: Идеална петорка на 8. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Изминатиот викенд на кошаркарските терени ширум Македонија беше комплетирано осмото коло по кое нови два бода освоија Кожув кој стигна до четвртата победа во низа совладувајќи го МЗТ Скопје 2, МЗТ Скопје кој славеше во натпреварот на колото против Гостивар, Феникс 2010 кој го одбрани домашниот терен од ТФТ, Еуро Никел кој влезе во победничка низа со триумф над Куманово, ФМП кој им се врати на победите со славје над Ангели и Пелистер кој остана перфектен и по победата над Работнички.

Место во идеалната петорка на колото има за разигрувачот на Гостивар, Ијасу Ворку кој се запиша во историјата на мак-баскетот како прв странец со трипл-дабл учинок, завршувајќи го мечот со 23 поени, 11 скока и 11 асистенции. Лука Стојановски кој беше еден од лидерите на „академиците“ со 19 поени и 4 асистенции, како и Куртис Џоунс кој со победата на новалијата забележа 30 поени, 8 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

Бранислав Џекиќ беше енигма за Куманово, предводејќи го вицешампионот со 21 поен, 9 скока и 4 украдени топки, како и репрезентативецот Бојан Крстевски кој во натпреварот на колото забележа 19 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...