Екипа Топ 5: Идеална петорка на 9. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

По малиот одмор поради репрезентативната пауза прволигашката кошарка се врати во етерот со 9. коло во кое беа забележани неколку одлични натпревари. Пелситер постигна 142 поени на гостувањето во Скопје против Ангели, а границата од сто постигнати поени ја надминаа и Работнички кој славеше против Кожув, како и Куманово кој ја прекина серијата од седум порази едно по друго со триумф над Феникс 2010.

Натпреварот на колото му припадна на МЗТ Скопје кој го доби гостувањето кај ТФТ, а до гостинска победа стигнаа и Еуро Никел кој беше подобар од МЗТ Скопје 2, и ФМП кој славеше во Гостивар.

Во идеалната петорка на колото место има за Пол Џексон, разигрувачот на Работнички кој одигра нов одличен натпревар. Американецот мечот го заврши со 41 постигнат поен од кои додаде и четири скока и три асистенции.

Дамјан Стојановски и Роберт Рикиќ беа енигма за ТФТ во натпреварот на колото. Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со 20 поени, 3 скока и 2 украдени топки со реализација 4/8 за три поени, додека Хрватот за 24 минути запиша дабл-дабл од 19 поени и 13 скока.

Ненад Зивчевиќ беше еден од најзаслужните за победата на Куманово против новалијата. Искусниот играч го отвори мечот со реализација 4/4 зад линијата 6,75 и направи клучна предност за својот тим, а до крајот постигна 24 поени и 8 скока. Покрај него тука е и Никола Малешевиќ кој во убедливата победа на Пелситер одигра „ол-араунд“ натпревар со 33 поени, 9 скока и 5 асистенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...