ЕКИПА ТВ – Дарко Каевски: Ваучер системот ќе го крене спортот на повисоко ниво

Финансирањето во спортот да биде полесно, пофункционално и да им се отвори можност на сите, не само на големите и атрактивни, за обезбедување спонзори. Во интервју за ЕКИПА ТВ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, ги објаснува деталите за законските измени кои треба да почнат да функционираат од почетокот на 2019 година.

„Постоечката законска регулатива за даночни олеснувања при спонзорирање во спортот е функционална, но ја користат големите клубови, податоците покажуваат дека 80 % од искористените поволности се кај два клуба. Затоа го воведуваме ваучер-системот кој ќе им помогне на помалите клубови, помалите федерации и на индивидуалните спортисти. На овој начин, тие го имаат ваучерот и многу полесно ќе привлечат спонзори“ – вели Каевски.

Се вчитува...