Уго Екитике го пропушти натпреварот на Ливерпул против Кристал Палас, а причината беше бизарниот црвен картон што го доби на натпреварот од Лига купот.
Екитике го постигна она што се покажа како победнички гол на „црвените“ против Саутемптон во Лига купот, а потоа доби исклучително неодговорен црвен картон. Францускиот напаѓач доби жолт картон, а потоа, прославувајќи го голот, го соблече дресот и заработи втор жолт, автоматски и црвен картон.
Зборувајќи по натпреварот со Кристал Палас, Екитике ја призна грешката:
„Мојот црвен картон не беше паметен потег. Ми беше тешко што морав да ги гледам момците од дома минатата сабота“, изјави Екитике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

