Динамо Загреб остана во игра за пласман во следната фаза во Лигата на Конференции, откако го совлада тимот на Астана на гостински терен со 0-2. „Модрите“ славеа на крајот, но можеа да имаат многу проблеми откако во 12. минута беше досуден пенал за домашниот тим.
Екс играчот на Шкупи, Дембо Дарбо го промаши пеналот, односно Загорац му го одбрани ударот од 11. метри, а потоа хрватскиот тим, за кого Стефан Ристовски играше како стопер, постигна два гола и ги однесе бодовите.
Габриел Видовиќ во 48. минута донесе предност за Динамо, за Канеко во 79. минута ја запечати победата, во миговите кога Астана остана и со играч помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА