Екс-плејмејкер на Торонто потпиша за Црвена Звезда

Црвена Звезда го комплетираше и последниот дел од „мозаикот“ потпишувајќи договор со врвен плејмејкер со НБА-искуство. Лоренцо Браун е нов член на „црвено-белите“, откако поранешниот плејмејкер на Торонто репторс го стави својот потпис на едногодишниот договор со првакот на АБА-лигата.

„Самото доаѓање на Браун е големо признание за нашиот клуб бидејќи американскиот плејмејкер од бројните понуди ја избра токму Црвена Звезда и предизвикот што го носи Евролигата“ – се вели во соопштението на клупската веб-страница на белградскиот кошаркарски гигант.

Со ангажманот на врвниот плејмејкер „црвено-белите“ го комплетираа ростерот, но не се исклучува можноста за доведување на нов центар, во зависност од тоа како ќе се одвива рехабилитацијата на Кузмиќ по тешката сообраќајна несреќа.

Само за потсетување, Црвена Звезда летово ги доведе во својот табор Дерик Браун, Џејмс Гист, Чарлс Џенклинс и Огнен Кузмиќ, а нови договори со првакот на АБА потпишаа Лазиќ, Човиќ, Симаниќ, Добриќ, Берон, Фаје и Перпероглу.

Се вчитува...