Екс-селекторот на Македонија се спаси од отказ во БиХ

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, ќе остане на чело на националната селекција на БиХ и покрај конфликтите со неколку ракометари, кои најавија дека нема да настапуваат за репрезентацијата додека тој е на чело.

БиХ не се прослави со настапот на ЕП 2022, но оваа селекција се соочи со огромни проблеми поради позитивни случаи на коронавирус. Иако дел од јавноста бараше смена на селекторот, челниците на федерацијата цврсто застанаа зад хрватскиот стратег.

Како што информираат денеска медиумите од Босна и Херцеговина, договорот на Обрван истекува за три години и желба на федерацијата е тој да биде испочитуван до крај. Нема никаква дилема дека овој стратег ќе го води националниот тим на БиХ во претстојните квалификации за СП 2023, во кои прв ривал е Грција, а во случај на триумф избраниците на Обрван за мундијалски билет ќе се борат со селекцијата на Црна Гора.

Се вчитува...