Екс-селекторот на Македонија со шокантно писмо се збогуваше од играчите и навивачите – Обрван не е повеќе селектор на Босна и Херцеговина!

Екс-селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван со шокантно писмо се збогуваше од играчите и навивачите на Босна и Херцеговина, откако донел конечна одлука да се повлече од функцијата на селектор.

Искусниот стручњак лани потпиша договор на четири години со „змаевите“, но поради неисполнетите обврски од страна на Ракометниот Сојуз на БиХ одлучил да замине, ваквата информација ја пренесува „Оslobodenje“.

„Поради тоа што не ги исполнувате обврските кон мене, но особено медиумските истапи на претседателот на РСБИХ последните неколку дена, одлучив дека продолжување на соработката не е можно. За следните псотапки ќе ве контактира мојот адвокат. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката што ја добивав и на стручниот штаб и играчите за соработката“, се вели во писмото на Обрвсан до РСБИХ.

Босна и Херцеговина на 16 и 19 март го игра бараж двомечот со Грција за место во вториот бараж за СП, и на пет дена до првиот меч остана без Обрван, а нов предводник веројатно ќе биде неговиот досегашен асистент Тони Чолина.

Се вчитува...