Екс сопственикот на Вардар ставен на црната листа на САД

Поранешниот сопственик на женскиот и машкиот ракометен клуб и на фудбалскиот клуб Сергеј Самсоненко е ставен на црната листа на САД. Самсоненко е ставен на црната листа зедно со неговата сопруга Ирина, соопшти Американската амбасада.

Самсоненко ги презеде фудбалскиот и двата ракометни клуба во 2014 година. Потоа ги напушти сите три клуба, а фудбалскиот клуб и натаму чувствува последици поради долгови, додека машкиот ракометен клуб успеа да застане на нозе, и покрај тоа што беше суспендиран со неиграње во европските купови за изминатите две сезони. ЖРК Вардар, пак, сега е далеку од шампионски клуб.

Под негово водство машкиот ракометен клуб на Вардар ги направи најголемите успеси во историјата на македонскиот ракомет и стана европски шампион два пати, ЖРК Вардар играше речиси секоја година на Ф4, но не успеа да дојде до трофејот, додека како сопственик на ФК Вардар направи историски успех со играњето на клубот во групната фаза во Лигата на Европа.

„Министерството за финансии на САД водеде санкции за Сергеј Самсоненко и Ирина Самсоненко за корупција и малигни активности“, стои во соопштението.

Соопштението од Амбасадата на САД може да го видите во целост на следниот ЛИНК.

Се вчитува...