Екс тренерот на Барселона го презема Вилјареал

Вилјареал синоќа објави дека постигнала договор со Астон Вила околу ангажман на нивниот тренер Унаи Емери, кој од 1. ноември се враќа во Премерлигата. Веднаш тргнаа кон наследник, а според „Марка“, најверојатно нов тренер ќе биде Кике Сетиен,

Се тврди дека Сетиен уште вчера веднаш отпатувал за Вилјареал, каде што водел преговори со челниците на „жолтата подморница“ и во следните денови треба да го преземе водењето на овој клуб. Последна работа за Сетиен му беше Барселона, која ја презеде во 2020 година, но мораше да ја напушти позицијата истата година, по катастрофата од Баерн Минхен (8-2) во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, што беше највисок пораз после 60 години за Барселона.

Пред Барселона, Сетиен беше тренер на Бетис. Иако е искусен (има 64 години), има водено само три тима во Ла Лига, а има и селекторски ангажман во Екваторијална Гвинеја во 2006 година. Поставувањето за тренер на Барселона беше големо изненадување за него, но не издржа многу, па веќе две години нема ангажман.

Се вчитува...