Екс-тренерот на Перо Антиќ седнува на клупата на Феникс

Феникс експресно го реши тренерското прашање по разделбата од Френк Вогел, па „сонцата“ денеска и официјално за нов кормилар го именуваа Мајк Буденхолцер.

Станува збор за искусен стратег кој за нашата јавност е познат по тоа што го водеше тимот на Атланта хоукс во периодот кога за оваа екипа настапувашер Перо Антиќ. Буденхолцер беше на чело на Атланта од 2013 до 2018 година, но најголемиот успех во тренерската кариера го направи по заминувањето од таборот на „јастребите“.

Тој потоа се пресели во Милвоки, каде во 2021 година стигна до титулата предводен од Јанис Адетокумбо на теренот. Феникс се надева на слична разврска ако се знае дека „сонцата“ во 56-годишната клупска историја немаат ниту една титула.

Деталите од договорот не се обелоденети, но американските медиуми информираат дека станува збор за петгодишен договор вреден 50 милиони долари.

Се вчитува...