Екс тренерот на Сити седна на клупата на четвртолигаш

Марк Хјуз беше првиот менаџер во ерата на „шеикот“ од Манчестер Сити. „Граѓаните“ тогаш почнаа со пазарањето на играчи, а беа донесени Робињо, Рајт Филипс, Тевез, Туре и Адебајор.

Сепак, после две години Хјуз беше разрешен, а од тогаш овој тренер седеше и на клупите на Фулап, КПР, Стоук и Саутемптон.

Од денеска Хјуз ќе го води тимот на Брадфорд Сити, член на Лигата 2 во Англија, или по ранг четвртата лига во Англија.

Се вчитува...