Експерт за допинг се сомнева во Надал: Има знаци за абнормалност…

Германскиот експерт за допинг кај спортисти, Фриц Шоргел е убеден дека најдобриот светски тенисер Рафаел Надал не е „чист“. Во интервју за германските медиуми се сомнева дека Шпанецот е еден од оние кои користат анаболички стероиди.

„Анаболичките стероиди се класика во тенисот, па не сум изненаден. Со децении ги следам случувањата и имам јасна слика на се. Тенисот е меѓу топ четири спорта кога е во прашање допингот, покрај зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува знаци на абнормалност. Постои отворен сомнеж, посебно и ако се знае дека доаѓа од Шпанија, земја која е познато дека не ги ‘следи’ соодветно своите херои“ – вели Шоргел.

Германецот нагласува дека тенисерите се ретко контролирани од одредени причини.

„Сите добро ги советуваат за да не дојде до неправилност. Националните федерации исто така ги штитат своите ѕвезди, никогаш ништо не се знае, никогаш не можеш да коментираш, не ти дозволуваат да ги тестираш, па единствено останува сомнежот“ – истакнува германскиот експерт.

Се вчитува...