„Експлозија“ на Адетокумбо, ЛА Лејкерс до осма победа во низа

Јанис Адетокумбо одигра извонреден натпревар за Милвоки, предводејќи ја својата екипа до триумф од 122-118 на дуелот против Јута. Грчкиот интернационалец го заврши натпреварот со 50 постигнати поени и 14 скокови, но Јута без оглед на неговото издание имаше одлична можност за изненадување. Богдановиќ украде топка на триесетина секунди до крајот при резултат 120-118, но „џезерите“ не го искористија последниот напад, Лопез го изблокира шутот на Донован Мичел и Милвоки забележа значајна победа.

Во одличен ритам се наоѓа и тимот на ЛА Лејкерс, кој триумфираше на гостувањето против Сан Антонио спарс со 104-114. Ова беше осма победа во низа на „езерџиите“, втора против незгодниот ривал од Сан Антонио, а сосема неочекувано во главна улога беа Леброн Џејмс со 33 поени и 13 асистенции и Ентони Дејвис со 17 поени и 12 скокови.

Бостон славеше со 103-103 на дуелот со Сакраменто, меч на кој Богдан Богдановиќ го промаши шутот за победа на гостинскиот тим. Торонто забележа победа над Филаделфија (101-96) во пресметката на ривалите од Источната конференција. Сиакам беше најефикасен кај шампионот со 25 поени, но пресудна беше одбраната против гостинскиот центар Ембид, кој не постигна ниту еден поен (0/11 шут од поле).

Резултати НБА:

Кливленд – Бруклин 106-108, Детроит – Орландо 103-88, Индијана – Мемфис 126-114, Атланта – Минесота 113-125, Бостон – Сакраменто 103-102, Мајами – Шарлот 117-100, Торонто – Филаделфија 101-96, Чикаго – Портланд 94-117, Милвоки – Јута 122-118, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 104-114, Голден Стејт – Оклахома Сити 97-100.

Се вчитува...