„Експлозија“ на Лазаров, Сесон виде кој е „бум-бум Кире“

Кире Лазаров е најзаслужен што Нант и по шестото коло има стопроцентен ефект во француското првенство, откако македонскиот ас го предводеше својот тим до минимален триумф од 29-28 над составот на Сесон. Токму нашиот интернационалец беше човекот на одлука, постигнувајќи го голот за победа на шест секунди до крајот.

Нант важеше за голем фаворит на овој натпревар, но во првото полувреме се соочи со сериозни проблеми, 30 минути го бркаше резултатот и на одмор замина со негатива од 13-15. Во вториот дел на сцена стапи Лазаров, кој го предводеше камбекот на својата екипа. Македонскиот „бомбардер“ на стартот од второто полувреме со својот петти погодок го израмни резултатот на 18-18, за потоа да продолжи во голгетерски ритам се до последната миинута и голот за победа на Нант.

Кире Лазаров беше и најдобар стрелец на мечот со девет гола, пред својот соиграч Турна со осум погодоци.

Се вчитува...