„Експлозијата“ на „Велодром“ невидена досега по елиминацијата на Лајпциг во ЛЕ… (ВИДЕО)

Култниот марсејски „Велодром“ беше сведок на неверојатен натпревар во неговата богата историја, синоќа на мечот во кој Олимпик Марсеј славеше со 5-2 против Лајпциг во Лигата на Европа, резултат вреден полуфинале за Французите.

Олимпик во 60. минута со голот на Пајет дојде до предност од 4-2 која уште тогаш го водеше во полуфиналето. Но, Германците потоа дадоа се на една карта во тотална офанзива… Во последната минута од судиското продолжение на корнер пред голот на домашните замина и голманот на Лајпциг, па по контра напад на Французите нов гол за конечни 5-2…

И, од тогаш тотално лудило на „Велодром“, вистинска „експлозија“ на стадионот и огромна радост на Французите…

Се вчитува...