Јавното барање за размена што го објави неговиот менаџер го чинеше центарот на Њу Орлеанс, Eнтони Дејвис 50.000 долари. Спoред регулативата на НБА лигата на играчите и на нивните претставници им е забрането јавно да бараат промена на клубот.
Откако во понеделникот претставниот на Дејвис соопшти дека Ол-стар играчот сака да оди во поамбициозен тим, НБА покрена истрага и многу брзо донесе одлука за казна.
Дејвис поради повреда ги пропшути неколкуте последни натпревари на Њу Орлеанс, но се очекува да се врати оваа седмица. Извесно е дека тој сака да оди кај Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс. Периодот за трансфери во НБА трае до 7 февруари.
Инаку се толкува дека Дејвис свесно го направи прекршокот со оглед на паричната казна као ја ја доби, а која е незначителен дел од неговата заработка со оглед дека 25-годишниот играч само сезонава ќе земе 25 милиони долари.
Ентони Дејвис во 2013 година беше прв пик на драфтот во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА