„Ел Диабло“ победи на трката за Големата награда на Германија

Актуелниот светски првак, возачот на Јамаха, Фабио „Ел Диабло“ Квартараро победи на трката за Големата награда на Германија. До победата на легендарната патека Сахсенринг, Квартараро победи пред сонародникот Жоан Зарко и Американецот Џек Милер.

Првпат по девет години на Големата награда на Германија, триумфираше некој што не се вика Марк Маркез. Шпанецот поради проблемите со десната рака веќе ја заврши сезоната.

Осумкратниот светски првак од своето деби во кралската класа до денес оствари осум победи на Сахсенринг.

Францускиот мотоциклист убедливо стигна до 12.победа во кариерата. До третата победа во сезоната дојде со пет секунди подобар резултат од Зарко, кој вози за Прамак Дукати.
На француските возачи на подиумот им се приклучи Милер од Дукати.

Квартар трката ја започна од втората позиција, лидерското место од Франческо Бањаја го презеде во првата кривина. Бањаја во третиот круг направи грешка, излета надвор од патеката и ја заврши трката. Бањаја четврти пат сезонава остана без пласман.

Позади најбрзите тројца трката ја завршија Еспаргаро, Марини, Мартин, Биндер, Диџанантонио, Оливеира и Бастианини.

Се вчитува...