„Ел Матадор“ е хит во САД – Далас сака да го патентира прекарот за Лука Дончиќ

Лука Дончиќ сезонава е најголемото откритие во НБА лигата. Со своите настапи во дресот на Далас маверикс, 19-годишниот словенечки кошаркар ги воодушевува љубителите на кошарката и веќе сигурно е кандидат број 1 за дебитант на годината во најсилната кошаркарска лига во светот.

Дончиќ беше трет пик на минатогодишниот драфт во НБА избран од Атланта, но потоа во размената замина во Далас. Тоа се покажа како одличен потег на Далас бидејќи Словенецот со своите настапи ја остава американската јавност без здив.

Тој уште сега веќе е еден од најпопуларните кошаркари во САД, а тоа најдобро го покажува и потегот на Далас кој сака да го заштиоти неговиот прекар “The Matador” и „El Matador”. Од клубот веќе поднеле барање во Американската дирекција за патенти   (УСПТО) и наскоро треба да добијат одобрение.

Во тој случај Далас ќе биде сопственик на прекарот за Дончиќ и во случај Словенецот да ги напушти Маверикс, не ќе може да го користи прекарот без дозвола од овој клуб.

Се вчитува...