Искусната македонска ракометарка Елена Ѓорѓиевска е ново засилување за српскиот тим Црвена Звезда. Ѓорѓиевска доаѓа како аквизиција на „црвено-белите“ на позицијата десен бек, што треба да го зголеми квалитетот на тимот од Белград.
36-годишната Ѓорѓиевска има големо интернационално искуство. Минатата сезона беше дел од турскиот Одунпазари, а ја освои и ЛШ со Будуќност.
Црвена Звезда во квалификациите на Лигата на Европа ќе игра против романскиот тим Корона Брашов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
