Елена Тасевска е МВП на финалната серија во женската кошарка

Кошаркарката на Баскет Кам, Елена Тасевска ја доби наградата за најкорисна кошаркарка на финалната серија во женската кошарка во која нејзиниот тим славеше со 3-0 над Бадел 1862.

Токму Тасевска беше најзаслужна за славје на составот од Македонска Каменица на дуелот одигран во Скопје каде ги предводеше „сино-белите“ до камбек победа со дабл-дабл учинок од 22 поени при реализација 5/9 за три поени и 10 скокови.

Се вчитува...