Елези со нов гол за победа на Сараево, нов погодок и за Ташовски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези со гол партиципираше во победата од 2-0 на Сараево против Слога Добој во шампионатот на БиХ.

Елези погоди од пенал во 50. минута, за потврда на победата на својот тим. Македонскиот фудбалер постигна и уште еден гол на мечот, но беше поништен поради офсајд.

Гол и за македонскиот интернационалец Васил Ташовски во дресот на српскиот Младост Лучани. Македонскиот офанзивец беше стрелец на победничкиот гол во победата од 1-2 на гостувањето против Мачва во Шабац.

19-годишниот Ташовски стрелаше во 83. минута за пресврт-победа на својот тим, постигнувајќи го својот четврти гол сезонава во шампионатот на Србија.

Се вчитува...