Кошаркарите на Монако претрпеа тежок пораз во 30-то коло од француското првенство, откако Булаазак славеше со 92-74. Сепак, резултатот беше засенет од проблемите во клубот, бидејќи Ели Окобо одби да игра за Монако поради голем долг кон играчите, според француските медиуми.
Ситуацијата предизвика големо внимание во француската кошаркарска јавност, особено затоа што Окобо е еден од најважните играчи на тимот и еден од лидерите на тимот. Монако изгледаше многу лошо без својот организатор на играта на теренот, а Булазак го искористи тоа и оствари убедлива победа.
Останува да се види како клубот ќе реагира на новата ситуација и дали финансиските проблеми би можеле дополнително да влијаат на тимот на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
