Елиф Елмас – едно од имињата кое треба да блесне на ЕП… (ФОТО)

Елиф Елмас од страна на поголемиот дел реномирани европски спортски медиуми е издвоен како една од младите ѕвезди кои треба да блеснат на престојното Европско првенство.

Членот на Наполи неизбежно ќе биде и во фокусот на македонската фудбалска јавност, кој очекува нови успешни настапи од националите.

„Со нетрпение го чекаме настапот на Европското првенство. Направивме голем успех, среќни сме што ја израдувавме јавноста, но не застануваме тука. Пред нас се нови успеси“ – вели творецот и на најголемата победа досега во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, онаа против Германија од 1-2 во Дуисбург во квалификациите за СП 2022.

 

Се вчитува...