Елиф Елмас – ново откровение на Мончи и Севилја?!

Рамон Родригез Вердехо, попознат по прекарот Мончи важи за еден од најдобрите спортски директори во Европа, препознатлив по умешноста да препознае суперталент, од него да избруси фудбалски дијамант што потоа за големи пари ќе биде продаден на некој од европските гиганти.

Сега во центарот на вниманието на Мончи се наоѓа Елиф Елмас, откако директорот на Севилја искажал желба да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови. Тој има високо мислење за Елмас и верува дека Елиф може да игра на далеку повисоко ниво од она што го прикажува во Наполи. Минутажата на Македонецот кај „наполитанците“ е далеку под посакуваната, а од Севилја најавуваат дека се подготвени да дадат многу посериозна улога доколку се согласи на преселба во Шпанија.

Лесно може да биде постигнат и договор со Наполи, особено откако „сино-белите“ искажаа сериозен интерес да го вратат Папу Гомез назад во Калчо-лигата. Екс-капитенот на Аталанта не се снајде најдобро во Севилја, не успевајќи да се избори за првотимски статус.

Дел од медиумите најавуваат дека Мончи побарал директна размена Гомез за Елмас, но Наполи се уште тактизира, пред се поради фактот дека македонскиот ас има 21 година, дванаесет помалку од аргентинскиот интернационалец кој влегува во залезот на кареирата.

Ramón Rodríguez Verdejo (born 20 September 1968), commonly known as Monchi,

Се вчитува...