Елиф Елмас се сели во Милан, а Ребиќ оди во Наполи ова лето!?

Италијанските медиуми повторно го актуелизираат трансферот на Елиф Елмас во редовите на Милан ова лето.

Според последните пишувања, Елмас во јуни би се преселил во Милан како дел од трампата во која би бил вклучен и Ребиќ. Согласно најавите Наполи би прифатил одредена сума од Милан за Елмас, и плус Ребиќ за кого се знае дека на крајот од сезоната сигурно ги напушта редовите на Милан.

Според италијанските медиуми има неколку понуди, но најсериозно се поврзува со Наполи.

Елмас игра во одлична форма сезонава во дресот на наполитанците, а Ребиќ сезонава за Милан запиша 25 настапи со три гола и две асистенции.

Се вчитува...