Фудбалерите на Бодо/Глимт застанаа во полуфиналето на Лигата на Европа оваа сезона откако беа елиминирани од Тотенхем, но нивниот резултат е поволен со оглед на историјата на клубот.
Најголемиот успех досега за овој мал норвешки клуб, кој од година во година расте во гигант на локалниот фудбал.
Сепак, нивната елиминација влијаеше на српскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона – Црвена Звезда. Српскиот шампион ќе започне од второто коло од квалификациите. Ако Бодо ја освоеше Лигата на Европа, тогаш Звезда ќе играше директно во плеј-офот во најелитното европско натпреварување, но вака сега останува преку квалификации да се бори на уште еден пласман во групната фаза во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА