Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Елјиф Елмас носи водство за Наполи од 1-0 против Лече во натпревар од 5. коло во италијанската Серија А.
Елмас на најдобар можен начин ја оправда довербата на тренерот Лучијано Спалети, откако за првпат се најде во почетниот тим сезонава и по само 27. минута го постигна својот гол-првенец сезонава.
Интересно е тоа што само три минути претходно гостите промашија пенал, откако Мерет го спречи ударот на Коломбо.
Eljif Elmas 💙 pic.twitter.com/4JInTyi1gT
— Enes (@AYKUTxEROL) August 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА