Елмас: Бев превозбуден кога ме викна тренерот, влегов како изненадување!

„Златното момче“ на македонскиот фудбал, Елиф Елмас не можеше да го сокрие задоволството по вчерашното деби за Фенербахче, и тоа на дерби пресметката против Трабзонспор.

„Жолтите“ стигнаа до реми (1-1) токму по влегувањето на Елмас во 64. минута од средбата, кој според размислувањата на тренерот Кочаман требаше да донесе изненадување за противникот на теренот. И, успеа во тоа.

„Секако дека сум пресреќен што дебитирав на официјален натпревар за клуб како Фенербахче. Ова навистина ми носи голем мотив за натамошен мој фудбалски напредок. Бев превозбуден кога ме викна тренерот и ми кажа дека влегувам во игра, но не почувствував некоја трема. Бев внесен како изненадување за противникот. Горев од желба да се покажам, и мислам дека не разочарав. Подготвен сум и за натпревар од 90 минути но не сакам да избрзувам, сакам најприродно да си се пронајдам во тимот на Фенер“ – истакна 18-годишниот Елмас по дуелот со Трабзонспор.

Се вчитува...