Елмас: Чест ми е да сум крај Пандев, Нестор, Алиоски, Барди

ЕКИПА во Хаифа,

Владимир Булатовиќ

Елиф Елмас е најмладиот член на македонската фудбалска експедиција која допатува во Хаифа. Тој ова лето направи трансфер во турскиот гигант Фенербахче, но се уште чека дозвола да биде регистриран, а и покрај тоа што нема настапи, доби повик од селекторот Игор Ангеловски.

Секако е еден од најголемите фудбалски таленти што Македонија ги имала воопшто во историјата, а вели дека му е голема чест што е во истата селекција заедно со Горан Пандев, Илија Несторовски, Езгјан Алиоски, Енис Барди…

„Мора да кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик од А репрезентацијата. Не знаев искрено дали ќе бидам со младите или со сениорите, но задоволство ми е што селекторот Ангеловски смета на мене. Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел. Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добиjам шанса, секако ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене!”, изјави Елиф Елмас.

Се вчитува...