Елмас дебитираше за Фенербахче во ремито со Трабзонспор… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го дочека своето официјално деби во дресот на турскиот гигант Фенербахче.

Елмас дебитираше за Фенер на гостувањето против Трабзонспор во рамките на 19. коло од Првата лига на Турција, на дуелот кој заврши без победник 1-1.

18-годишниот Елмас во игра влезе во 64. минута на местото на Калдирим, а Фенербахче токму по неговото влегување израмни на 1-1 во 84. минута со голот на Соуза во 84. минута. Трабзон поведе во 58. минута со погодокот на Јилмаз.

Се вчитува...