Елмас денеска со официјално деби за Фенербахче?

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас денеска се очекува да го има своето официјално деби за турскиот гигант Фенербахче. Тој оваа зима доби лиценца за настап, а тренерот Ајкут Кочаман го вброи во составот што вечерва (18.30 часот) ќе ги одмери силите против Истанбулспор во Купот на Турција.

Кочаман има голема доверба во младиот Елмас, најави дека ќе му даде шанса да ги покаже своите квалитети, па се очекува тој да добие одредена минутажа на денешниот реванш дуел со Истанбулспор во рамките на осинафиналето на Купот на Турција. По првиот меч, Фенербахче има предност од 2-0.

Се вчитува...