Италијанскиот калчолигаш Наполи, официјално потврди дека Виктор Осимхен од Лил е нов фудбалер на тимот. „Наполитанците“ за Нигериецот платија 50 милиони евра, што е рекорд за тимот од „Сан Паоло“. Тој го надмина ланскиот трансфер на Ирвинг Лозано кој во Неапол премина за сума од 40 милиони евра. Виктор Осимхен за Лил запиша вкупно 27 настапи на кои постигна 13 гола, а беше едно од откровенијата на сезоната во Лига 1.
Welcome Victor
? https://t.co/Gmi6FnvO21#WelcomeOsimhen
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/miFie1wyoO— Official SSC Napoli (@sscnapoli) July 31, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА