Елмас добива сериозна конкуренција во Аталанта

Елиф Елмас ќе добие сериозна конкуренција во средниот ред на Аталанта доколку се реализира најавениот трансфер на Френк Кеси, 29–годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска кој е подготвен за камбек во калчолигашот од Бергамо.

Аталанта беше прв европски клуб за Кеси кој настапува за овој италијански прволигаш од 2015 до 2019 година по што направии одлична кариера во Милан и во Барселона. Негов последен клуб беше Ал Ахли во Саудиска Арабија, но по раскинот на договорот добиен летово Кеси се најде високо на листата со желби на неколку калчолигаши.

Јувентус долго важеше за фаворит во оваа трка, но Кеси денеска и официјално ја одби понудата на „старата дама“, не криејќи ја желбата да се врати назад во Бергамо.

Аталанта веќе стапи во контакт со неговите агенти, во игра е и Рома, но новиот клуб на нашиот Елмас важи за голем фаворит во трката за потписот на овој квалитетен играч за врска.

Се вчитува...