Елмас и Барди се приклучија, Македонија го засилува темпото за БиХ и зa Турција

Македонската фудбалска репрезентација полека го комплетира ростерот за престојните два пријателски натпревари против БиХ во Сараево и против Турција во Истанбул.

Од вчера на националниот тим се приклучија двајцата фудбалери од средниот ред Енис Барди и Елиф Елмас, со што Македонија полека се комплетира за последните „тестови“ од сезоната.

Македонија денеска одржа едн тренинг, уште следув уште еден, по што експедицијата заминува во Сараево на првиот тест, а потоа од таму кон Истнбул каде во понеделник ќе ги одмериме силите со Турција.

Последен на подготовките ќе се приклучи Агон Елези, кој вчера имаше натпревар и постигна гол за Сараево во дербито со Железничар.

Се вчитува...