Елмас и Чурлинов на располагање на Станојковиќ за тестовите со Бугарија

Македонската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против Бугарија, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Комплексот Куќа на фудбалот во Скопје.

Првиот натревар ќе се игра на 9. мај со почеток од 16 часот, а терминот на одигрување на втората средба е 11. мај од 11 часот.

„Во последните седум-осум натпревари покажавме карактер. Со двомечот со Бугарија продолжуваме со серијата контролни натревари. Конечно по подолго време ќе бидеме комлетни на еден натревар. Осумдесет проценти од фудбалерите на кој што сметам за квалификациите ќе бидат тука. Во тимот се враќаат Елиф Елмас и Атанасов. Поради повреда во составот нема да бидат Диме Митровски (Спортинг Лисабон) и Будим Куртим (Ујепш Дожа). Поради ова се надевам на две одлични средби, со кој ќе им се реваншираме за загубениот бод во квалифиакците во Бургас кој што не одалечи од следната фаза во тој квалификациски циклус“– вели селекторот Вујадин Станојковиќ.

На списокот за подготвителните средби со Бугарија селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург);

Одбрана: Руфати Агрон (ФК Локомотива Загреб), Митров Антонио (ФК Црвена Звезда); Филип Антовски (ФК Вардар), Тодороски Тодор (ФК Вардар), Ристовски Кирил (ФК Работнички) и Маневски Михаил (Академија Пандев);

Среден ред: Бојан Миовски (ФК Брегалница), Јани Атнасов (ФК Академија Пандев), Дарко Чурлинов (ФК Келн), Фазлагиќ Енис (ФК Шкендија), Филип Стојчевски (ФК Вардар), Елиф Елмас (ФК Работнички) и Кристијан Трапановски (ФК Академија Пандев);

Напад: Никола Богдановски (ФК Партизан Белград), Станковски Марио (ФК Работнички) и Колевски Бојан (ФК Вардар).

Се вчитува...