Елмас и Фенер посрамотени во Загреб, Милан се мачеше со Дуделанж, триумф на Стефан Ристовски

Турскиот Фенербахче во чии редови цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беа посрамотени на стартот од новата сезона во Лигата на Европа. На гостувањето против Динамо во Загреб, Фенербахче загуби со убедливи 4-1.

Шуњиќ и Хајровиќ погодија за Динамо Загреб уште во првото полувреме, а потоа во вториот дел Хајровиќ постигна уште еден гол а Олмо заокружи на 4-1, откако претходно Нојштатер беше стрелец на единствениот гол за турскиот тим кој демонстрираше тотална немоќ на „Максимир“.

Од македонските интернационалци до триумф во Лигата на Европа дојде Стефан Ристовски кој со Спортинг Лисабон славеше со 2-0 против азербејџански Карабах.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов, со АЕК Ларнака загубија на домашен терен од Цирих со 0-1. Единствениот гол гостите го постигнаа во 61. минута преку Кололи од пенал, кој го добија откако Мојсов играше со рака во својот шеснаесетник.

Милан се мачеше против луксембуршки Дуделанж но успеа да слави на гостински терен со 0-1 благодарение на голот на Игуаин во 59. минута.

Арсенал, пак, немаше никаков проблем да дојде до убедлива победа од 4-2 против украинска Ворскла.

ЛИГА ЕВРОПА (РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО)

ГРУПА А

АЕК Ларнака – Цирих 0-1, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-3

ГРУПА Б

Лајпциг – Салцбург 2-3, Селтик – Розенборг 1-0

ГРУПА Ц

Копенхаген – Зенит 1-1, Славија Прага – Бордо 1-0

ГРУПА Д

Спартак Трнава – Андерлехт 1-0, Динамо Загреб – Фенербахче 4-1

ГРУПА Е

Арсенал – Ворскла 4-2, Спортинг Лисабон – Карабах 2-0

ГРУПА Ф

Дуделанж – Милан 0-1, Олимпијакос – Бетис 0-0

Се вчитува...