Елмас и Фенербахче го средија Андерлехт

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел натпревар за Фенербахче во победа од 2-0 против белгиски Андерлехт во 4. коло од Групата Д во Лигата на Европа.

Турскиот тим стигна до важна победа во обидите за презимување во Европа. Триумфот го најави Валбуена во 71. минута, а го потврди Фреј со погодокот во 74. минута, на асистенција на Валбуена…

По овие три бода, Фенербахче има 7 бода, на второто место во Групата Д зад Динамо Загреб кој има 9 бода од три натпревари, а вечерва игра против Спартак Трнава во Загреб.

Се вчитува...